Струга/Охрид, 15. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи две информации за настани во кои полицијата во Струга пронајде сомнителна прашкаста материја кај лица од селото Велешта и Охрид.
На 15-ти септември 2023 година, во 03:55 часот, на улицата „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица од Струга лишиле од слобода 50-годишно лице од струшкото село Велешта, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг случај, на 14-ти септември 2023 година, во 14:00 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица во Струга лишиле од слобода 48-годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес