Охрид, 15. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти септември 2023 година, во 00:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Струга, кај „Оровничка плажа“, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 31-годишно лице од струшкото село Франгово и патничко возило „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 34-годишно лице од селото Велешта. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на првото возило, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле возачот на второто возило и неговиот 23-годишен сопатник од Велешта, констатирани во Општа болница Струга. Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес