Струга, 15. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 50-годишна жена од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување“ и „неовластено навлегување во компјутерски систем“.
– Пријавената, вработена во ЈП „Комунално“ во Струга, на 16-ти и 18-ти август 2023 година, неовластено одзела платежни картички од две лица кои при наплата ги заборавиле на пултот, по што ги користела за свои потреби, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 28