
Со луксузно дигитално издание Ariana Grande ја прославува 10-годишнината од деби албумот „Yous Truly“
Охрид, 18. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Една од највлијателните музички ѕвезди на денешницата, Ariana Grande ја прослави 10-годишнината од својот деби албум „Yous Truly“ и го претстави дигиталното луксузно издание кое содржи шест нови нумери – изведби во живо на хитовите што го одбележаа албумот.
Веќе се објавени изведбите на песните „Honeymoon Avenue“ и „Daydreamin“, а наскоро доаѓаат и „Baby I“, „Tattooed Heart“, „Right There“ и „The Way“.
Ariana Grande продолжува да ги испишува страниците на историјата на популарната култура со нејзините неверојатни успеси, како и прекрасниот вокал и сценските изведби. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |