Забава Избор

SUPER Fresh music: Giant Rooks – Somebody Like You

Охрид, 19. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Германскиот инди рок бенд Giant Rooks го претстави енергичниот нов сингл „Somebody Like You“.

Текстот на песната е напишан на таков начин што секоја строфа опишува различна љубовна приказна, а сите се поврзани со заразен рефрен и хипнотичен ритам на тапан.

Фредерик Рабе (вокал), Фин Швитерс (гитара), Лука Гетнер (бас гитара), Џонатан Вишниовски (клавијатури) и Фин Томас (тапани) ја одбележаа оваа фестивалска сезона со настапи ширум светот, а познатиот британски музичар Louis Tomlinson ги покани да бидат дел од неговата претстојна светска турнеја.

Бендот го сврти вниманието на публиката кон себе со виралната верзија на песната „Tom’s Diner“, а нивниот деби албум „Rookery“ од 2020 година беше преслушан над 200 милиони пати на стриминг сервисите.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука