Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Утре во Охрид конференција по повод 65 годишнината од образованието по социјална работа и социјална политика

Охрид, 18. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – По повод 65 годишнината од образованието по социјална работа и социјална политика, Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира меѓународна конференција на тема „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“.

Конференцијата ќе се одржи од 19-ти до 22-ри септември 2023 година во Охрид.

Над 130 учесници од земјата и странство ќе промовираат и дискутираат истражувања, практики и политики поврзани со теми кои се занимаваат со прашањето на глобалните кризи од различни перспективи релевантни за социјалната работа и социјалната политика. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука