ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Депонијата „Буково“ и понатаму гори, граѓаните револтирани, бараат брзо и одржливо решение

Охрид, 18. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – И покрај напорите на одговорните за санација на депонијата „Буково“, и денеска истата продолжува да гори.

– Утрово повторно гори и густ чад излегува од депонијата. Ова ги помина сите граници. Целиот чад и отрови доаѓаат кон градот, како ќе живеат овде нашите деца, реагираат револтирани читатели на OhridPress.

Додаваат дека од депонијата постојано излегува чад, а била силна и смрдеата која се чувствувала околу локацијата на депонијата.

Сите одговорни, како единствено решение за овој проблем ја посочуваат регионалната депонија во општина Новаци, од каде летово побараа изградба на нов обрач за да не поминуваат камиони со отпад од другите градови низ населените места во Новаци.

Најавите се дека оваа депонија треба да биде готова во 2024 година, но се’ уште нема план или проект за алтернативната траса што ја бара општина Новаци. Ниту самите градоначалници на општините не знаат кога ќе заврши овој проект кој се ветуваше неколку години.

Депонијата во Новаци е дамнешно ветување кое треба да стави ред во оваа област во Охрид, Струга, Кичево и Битола, каде во моментов има бројни диви депонии каде се одложува ѓубрето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука