Избор Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Започнуваат активностите од проектот „Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне!“ во Струга

Струга, 23. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од завршните настани од европскиот проект „Зелен Кајак“, под мотото „Биди Еко-спортист, придонеси природата да расне!“, на 23-ти и 24-ти септември 2023 година, во Струга, ќе се спроведат финалните проектни активности во организација на Кајак кану клубот „Дрим“ од Струга.

– Во сабота, на 23-ти септември, со почеток во 10:00 часот на „Машка Плажа“ во Струга ќе се одржи Еколошка работилница за сите заинтересирани посетители на настанот. Потоа следи Еко-регата во која учество земаат сите поединци кои поседуваат опрема за веслање (СУП, кајак, кану). Ќе се чисти крајбрежниот појас на Охридското Езеро и реката Дрим, а победник е оној кој ќе собере најголема количина на отпад за зададено време. Предвидени се и Мини обуки за управување на кајак за сите заинтересирани посетители на настанот, а спроведени од професионални тренери од Србија, Хрватска, Бугарија и Република Македонија. Следниот ден, во недела, на 24-ти септември со почеток во 10 часот од кампот „АС“ во Струга ќе се одржи Меѓународна натпреварувачка кајак регата. Учесници во регатата се кајак клубови од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, информираат организаторите.

Додаваат дека проектот има за цел да ја зголеми свеста за борба против загадувањето на природата практикувајќи еко-спортови на вода. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука