Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Полицијата пронајде бела прашкаста материја кај жител на Струга во Велешта

Струга, 20. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти септември 2023 година, во 09:20 часот во струшкото село Велешта, полициски службеници од Полициското одделение Велешта лишиле до слобода 42-годишно лице од Струга, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

– По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука