септември 20, 2023

Струга, 20. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти септември 2023 година, околу 19:00 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица од Струга лишиле од слобода 50-годишно лице од струшкото село Велешта.

– Во наведеното време во угостителски објект на улицата „Владо Малески“ во Струга, тој одзел две женски чанти и оштетил дел од инвентарот, а бил затекнат од полициски службеници откако делото го продолжил во соседен угостителски објект. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука