февруари 4, 2015

Манчестер, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Манчестер Јунајтед без поголеми проблеми на повторениот натпревар против нисколигашот Кембриџ победија со 3-0 и се пласираа во петтото коло од ФА купот.

Првата средба заврши без победник, а синоќа „црвените ѓаволи“ не дозволија изненадување пред своите навивачи.

Во следното коло се пласираа и Сандерленд и Престон. Сандерленд со 1-3 го победи Фулам, а со истиот резултат Престон триумфира против Шефилд јунајтед.

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука