Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Македонскиот туризам до 2025 година цели на 3,7 милиони ноќевања и остварени 600 милиони долари

Охрид, 23. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Упатувам силна и оптимистичка порака за остварување на целта од 530 милиони долари од македонскиот туристички сектор во домашната економија за 2024 година.

– Меѓуинституционалната соработка, инклузивноста на приватниот сектор и јакнење на капацитетите ги мобилизираат сите засегнати страни и го прават туризмот катализатор на позитивни промени. Реархитектуирањето на македонскиот туристички сектор мора да се случи во наредниот пет годишен период, а дотогаш да се постигнат целите за 2025 година од 3,7 милиони ноќевања, 600 милиони долари од туризмот или повеќе од 4% во БДП, повеќе од 45.000 вработени во туристичко-угостителската дејност, истакна директорот на АППТ, Љупчо Јаневски.

Од агенцијата неодамна објавија дека туристичкиот промет покажа раст и во вториот квартал за 2023 година и изнесува 136 милиони долари во македонската економија, со раст од 28% споредбено со истиот период 2022 година. Двата квартали во 2023 се со раст од 24% споредбено со претходната година, односно двата квартали вкупно за 2023 година имаат раст од 24% компарирано со периодот од изминатата година, или прилив од 229 милиони долари од туристичкиот промет во БДП-то. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука