септември 23, 2023

Скопје/Струга, 23. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Пазарната инспекција казнила и затворила повеќе ланци на маркети во Скопје и Струга, соопшти на неговиот Facebook профил, директорот на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски.

– Казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Чаир, Тафталиџе, Кисела вода и Бутел, во Скопје, како и во Струга, откри Трајковски.

Тој додава и дека секој мора да ги почитува законите и одуките на владата, и апелира, до сите трговци, дека нема да има компромис, ниту селекција во постапувањето на Пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните.

Владата на Република Македонија во средата ги замрзна цените на основните прехранбени производи, со 10 отсто поевтинување, од оние на први август. Тогаш беа најавени и засилени инспекциски контроли и казни за сите што нема да ја почитуваат одлуката на владата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука