септември 25, 2023

Охрид, 25. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Адвокатот Александар Новакоски, кој своевремено беше и претседател на Државата изборна комисија (ДИК) на неговиот официјален профил на Facebook ја најави кандидатурата за градоначалник на Охрид.

– Ја најавувам кандидатурата за градоначалник бидејќи пред се’ сум исполнат човек, го сакам Охрид, и сакам да придонесам. А ќе видите дали може урбаната мафија да влијае на мене. Од Охрид ќе почне нивниот крај, не се плашам, зошто тоа што јас го поминав, тие може само да го претпостават. А нивното главно оружје – парите нема да им помогнат, смо ќе ги заглават. На Охрид му треба татко, домаќин што нема да го интересира централната власт. За почеток сите маси, столови на тротоар ќе ги фрлам во отпад. Второ, сите басилници со мотори на тротоари, ќе завршат во отпад. Се прашувате дали е можно. Да, можно е, верувајте, овие друг јазик не разбираат само својот, порача Новакоски, пренесе порталот фактор.мк.

Тој додава дека сите го сакаме Охрид и прашува дали Охрид заслужува повеќе?

– Дали Охрид заслужува да има ред и поредок. Јас не сум од личностите кои ќе кажат дека сегашниот и претходните градоначалници не работеле добро. Работеле и им изразувам почит. Јас ќе работам порадикално, без компромис, без партиски багаж. Ризикот е дел од работата, но мислам дека ако имам поддршка, урбаната мафија ќе си оди од Охрид. Зошто? Зошто знаат дека им дојде крајот. А што ќе прават во меѓувреме тие си знаат, но да знаат дека никој не им се плаши. Напротив, очекувам напад, јас немам што да изгубам, а тие? Само поддршка од Вас граѓани, без Вас ништо, истакна Новакоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука