Скопје/Охрид, 27. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија на вчерашната 187-ма седница го задолжи Министерството за транспорт и врски, во соработка со Капетанијата на пристаништата – Охрид, да формира Работна група за изработка на анализа на пловила во Охридското Езеро.
Според одлуката, надлежните треба да изготват и пресметка и на капацитетот на носивост на пловила во Охридското Езеро.
Макдонската Влада ја разгледа и ја усвои Информација за потребата од преземање на итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Владините заклучоците се донесени по посочувањето од предлагачот, Министерството за култура, на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО, потенцирани од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес