Штип/Струга, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Штип поднесе кривична пријава против 26-годишно лице од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– Пријавениот, кој се наоѓал на издржување на казна во КПУ Затвор Штип, организирал и набавил хероин, кој во пакет со други продукти му бил доставен преку брза пошта во затворот, со намера да го продава. При контрола на затворските службеници хероинот бил пронајден и одземен, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: Тв Телма
Прочитано: 38