Струга, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, 26-ти септември 2023 година, во ОВР Струга било пријавено дека околу 04:30 часот на бензинска станица во населбата „Теферич“ во Струга, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 50