Забава Избор

Промовирана збирка ноти од забавните мелодии на композиторот Љубомир Бранѓолица

Скопје, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – „Збирка на вокални дела на композиторот Љубомир Бранѓолица од опусот на популарната музика“ е насловен проектот од кој што произлезе изработка на збирка ноти „Поп – музика за пијано и глас“.

Збирката се состои од 20 нотографирани композиции од композиторскиот опус на забавна – поп музика.

Создавањето на оваа збирка на ноти е продукт на долгогодишна работа на евидентирање, архивирање и дигитализација на богатото музичко наследство што го создаде композиторот Љубомир Бранѓолица.

– Со оваа збирка ноти од опусот на популарната – забавна музика, на своевиден начин му се заблагодарувам на композиторот за долгогодишната соработка која ја имавме и верувам дека оваа збирка на ноти ќе претставува вреден извор за сите музички изведувачи, композитори и љубители на музиката, вели авторот на овој проект, Андреj Блажевски.

Збирката ноти „Поп – музика за пијано и глас“ е поставена и е достапна на online архивата Бранѓолица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука