Охрид може, Охрид е ХУМАН: Да му помогнеме на Алпај (Џани) Муфти, кој има потреба од операција по сообраќајна незгода
Охрид, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Семејството на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид испраќа апел за помош до сите добронамерни луѓе.
– Kобна сообраќајка му го смени животот на Алпај, младо момче на 27 години, скромно, воспитано, љубезно дете од прекрасно семејство. Тој неодамна се здоби со сериозни повреди, кои се опасни по живот, заради што е сместен во болницата „Систина“ во Скопје каде две недели беше во кома. Потребата од повеќе хируршки интервенции и процесот на лечење кој е бавен, носи високи трошоци, кои семејството не може целосно да ги подмири и затоа е потребна помош. Надежта е во народот знаен и незнаен. Кој колку има, кој колку може, за да му помогнеме на ова момче повторно да го живее животот со иста насмевка полна добрина и срдечност при секое „добро утро“. За Алпај од срце, порачуваат организаторите на акцијата за помош.
Отворени се и телефонски броеви за донации:
– Телеком 070/143-424
– А1 077/143-468
Трансакциска сметка за донации:
Ozdizhan Mufti
за Македонија:
270-7000234130-33 Halk Banka
за странство:
IBAN code MK07270700027498188
SWIFT EXPCMK22
Може да се донира и преку Gofundme на следниот линк.
Информации за донации можете да добиете и на телефонот: 076/337-337.
Охрид може, Охрид е ХУМАН! Да помогнеме заедно и да спасиме еден млад живот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |