Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ООУ „Живко Чинго“ од Велгошти доби донација од Здружението Macedonia Schools Project

Охрид, 27. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Претставник од „Macedonia Schools Project“, непрофитабилна организација и Здружение на граѓани од Америка, денеска оствари посета на ООУ „Живко Чинго“ во селото Велгошти.

– На претставникот на Здружението му беше врачена благодарница за одобрениот и реализиран проект со кој пет училници беа опремени со смарт телевизори и фотокопир машина, информираат од училиштето.

Додаваат дека нивната соработка ќе продолжи и во иднина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука