Гевгелија/Струга, 27. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници, денеска во 11:30 часот, во близина на бензинска пумпа на автопат А1, кај Гевгелија, лишија од слобода 41-годишно лице од Струга, кој со товарно возило „Фиат дукато“, со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти.
– Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 27