септември 30, 2023

Струга, 30. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток во 20:00 часот, драмското студио „Миладин“ од Струга ја најавува премиерата на урнебесната комедија „Љубов во струшко Нерези“.

– Во љубовта и војната нема правила. Нашата Таса тоа го сфати здраво за готово па така влегуваќи од една игра во друга се сплети во сопствената мрежа. Дали нејзината сестра Воскра ќе биде дел од таа валкана игра или ќе го послуша нејзиното срце или можеби Дојчин ќе ја граби Таса. Сепак сите се прашуваат кој е таткото на бебето? Кој е мајсторот што ја најаде со грав на Таса, прашуваат од драмското студио „Миладин“, од каде додават дека оваа сабота ќе можеме накратко, но убаво да се насмееме на целата испреплетена но вистинита, приказна што се случила во струшкото село Нерези гледајќи ja на театарска сцена.

Режијата е на Ристе Миладин, а билетите се продаваат по цена од 150 денари.

– Не одете на никаква терапија, дојдете на претстава. Смеата и доброто расположение во оваа претстава ви се загарантирани. Ликовите се измислени, а приказната вистинита, потенцираат струшките актери. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука