Охрид, 29. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро и натаму е под просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,29 м.н.в, што е за 5 сантиметри под просекот за септември (693,34 м.н.в) и 19 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).
Температурата на езерската вода е 19 степени и е за 1,1 степени пониска од просекот за септември.
Инаку од почетокот на месецов се бележи константен пад на езерскиот водостој. Ако тогаш бил на кота од 693,44 м.н.в, денес е за цели 15 сантиметри понизок.
Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи. Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.
– Следува период на стабилно време со умерена облачност. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР