Избор Локална самоуправа Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Ученици од основните училишта од Охрид се натпреваруваа на Младинскиот турнир во шах „Ласкер 2023 Пионери“

Охрид, 30. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, како дел од Годишната програма за работа, го организираше Младинскиот турнир во шах „Ласкер 2023 Пионери“, за учениците од основните училишта од Општина Охрид.

– На турнирот кој се одржа со финансиска поддршка од Општина Охрид, учествуваа 75 ученици кои беа поделени во четири категории пионери (1, 2 и 3 одделение девојчиња), учествуваа 6 ученици, (1, 2 и 3 одделение момчиња), учествуваа 14 ученици, (4 и 5 одделение девојчиња), учествуваа 17 ученици и (4 и 5 одделение момчиња), учествуваа 38 ученици, информираат од клубот од каде испраќаат благодарност до директорот на ООУ „Братство Единство“ Охрид, Џемал Мехмед, за условите за игра за младите шахисти, кој воедно и ги додели наградите на најдобрите учесници по категории.

Резултати:

Категорија девојчиња 1, 2 и 3 одделение:

1 место Јусра Заде, ООУ „Братство Единство“,
2 место Ангела Велкоска, ООУ „Григор Прличев“,
3 место Теона Карадакоска, ООУ „Братство Единство“.

Категорија момчиња 1, 2 и 3 одделение:
1 место Павел Групчев, ООУ „Св. Климент Охридски“,
2 место Шешоски Јаков, ООУ „Григор Прличев“,
3 место Актан Реџеп, ООУ „Братство Единство“.

Категорија девојчиња 4 и 5 одделение:
1 место Ајџан Реџеп, ООУ „Братство Единство“,
2 место Искра Цветкоска, ООУ „Григор Прличев“,
3 место Ивана Момироска, ООУ „Св. Климент Охридски“.

Категорија момчиња 4 и 5 одделение:
1 место Марко Томоски, ООУ „Григор Прличев“,
2 место Иван Пероски, ООУ „Григор Прличев“,
3 место Давид Матески, ООУ „Братство Единство“ (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука