Охрид, 30. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бројни гости од земјата и странство уживаа денеска во Охрид и го искористија топлиот, последен во септември сончев ден за прошетка и уживање покрај езерото.
Организирани групи гости од Грција, Турција, Србија и Албанија беа најбројни по охридската чаршија. Тие, заедно со домашните гости, ги разгледуваат убавините на градот, но и уживаат во кафе баровите и рестораните.
Метеоролозите за денес најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 25. степени.
– Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со повремена умерена облачност. Утре и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во четврток и петок ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес/Метео фото: ОхридПрес