Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

По 14 месеци поднесена пријава за лица од Струга и Швајцарија кај кои полицијата пронајде хашиш

Струга, 1. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од Струга и 23-годишно лице од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

– На 23-ти јули 2022 година, во селото Добовјани, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило возило марка „Пежо“, управувано од лицето од Струга, во кое сопатник било лицето од Швајцарија, при што пронашле и одзеле хашиш, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука