Избор Култура Струга ТОП ВЕСТИ

Започнува Меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби“ 2023

Струга, 7. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска и утре во поетска Струга ќе се одржи Меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби“ (СКС) 2023 година.

– Денеска, сабота, 7-ми октомври 202 година, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се промовираат три тома од книгата „Мојата Струга“ од Наум Бајо. Промотор ќе биде Димче Шипинкаровски, а модератор Верица Мукоска. Во рамките на манифестацијата ќе бидат доделени наградите „Петковиот Аманет“ за 2023 година и тоа: Награда за „Животно дело“ – Мишо Китаноски, Награда за „Автор на годината“ на Македонска Поетска Ризница – Дарко Лешоски, Награда за „Млад автор на годината”- Емилија Карафилоска и Награда за „Посебни книжевни достигнувања од странство“ – Лабуд Н. Лончар. Ќе бидат доделени и благодарници и признанија на застапинете лица/нивни претставници во трите тома од книгата „Мојата Струга“, информираат организаторите.

Утре, недела, 8-ми октомври 2023 година, во црквата „Свети Никола“, кај изворите во Вевчани ќе се одржи поетски хепенинг на кој ќе настапат учесниците на манифестацијата „СКС“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука