октомври 2, 2023

Струга, 2. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

– Тој, на 4-ти септември 2023 година, во близина на казино во струшката населба „Плитишта“ со нож нападнал 32-годишно лице од струшкото село Велешта, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука