Црвена Вода, 3. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат 80 години од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ.
Манифестот на АСНОМ по своето историско значење е еднаков на Крушевскиот манифест, бидејќи сите подоцнежни асномски одлуки се инспирирани од него, со што слободно може да се констира дека извориштето на современата македонска држава е во Дебрца, местото каде се испишани најсветлите страници од македонската историја.
Во Црвена Вода и на Славеј Планина пред 80 години беше формирана првата регуларна воена единица, баталјонот „Мирче Ацев“. Во селото Сливово беше формирана Првата Македонска-Косовска ударна бригада, со што Дебрца стана првата слободна територија во НОБ, а во селото Издеглавје, во 1944 година беше возобновена Македонската Православна Црква, во ликот на Охридската Архиепископија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива