Охрид, 4. октомври 2023 (ОРХИДПРЕС) – „Клубот за подводни активности“ од Охрид неодамна спроведе еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро од отпад на потегот пред селото Пештани.
– Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2023 година, на 30-ти септември 2023 година се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред село Пештани. Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина. Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности“, а целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро, информираат од локаланта самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26