Охрид, 4. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишно лице од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „фалсификување знаци за обележување на стоки, мери и тегови“ и „фалсификување службена исправа“.
– Тој, на 10-ти август 2023 година, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Климештани, бил затекнат како со товарно моторно возило врши транспорт на огревни дрва кои претходно неовластено ги пресекол, по што извршил нелегално жигосување на дрвната маса и фалсификување на испратница за дрвата и ја прикажал како уредно издаден документ од ЈП „Национални шуми“, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 29