Струга, 4. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници на Единицата за брзо распоредување во подножјето на планинскиот врв Стрижак на планината Јабланица, денеска лишиле од слобода 41-годишен албански државјанин, затекнат при нелегална сеча на шума, поради што се сомничи дека сторил кривично дело „пустошење на шума“, казниво по член 226 од Кривичниот законик.
– При преглед на теренот, била пронајдена и локацијата каде што исечените дрва биле складирани и подготвени за транспорт, каде бил затекнат на 50-годишен жител на струшкото село Велешта, со патничко возило марка „Ауди“, а на местото биле пронајдени околу 25 м3 дрва, багер, пили, секира и други предмети поврзани со кривичното дело. Двете лица се приведени и ќе бидат предадени во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе следи соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива