Струга, 4. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти октомври 2023 година, околу 16:15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат во струшкото село Велешта, се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Опел астра“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од страна на 61-годишно лице од ресенското село Долно Дупени, и мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од 30-годишно лице од селото Велешта, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило „Фолксваген кеди“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на лице од селото Велешта. По несреќата, мотоциклистот бил пренесен во болницата „Св. Еразмо Охрид“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Струга, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива