Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Апел за помош на Бојан Крстевски од Струга

Струга, 6. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради сериозно заболување на црниот дроб, Бојан Крстевски е хоспитализиран и извршена му е интервенција во Универзитетската поликлиника „Агостино Џемели“ во Рим, Италија.

Доколку не се соберат потребните средства, постои опасност интервенцијата во ноември да биде откажана, а со тоа се ризикува и животот на Бојан.

Поради неможноста на неговото семејство да ги плати трошоците од неколку десетици илјади евра, отворени се линии за помош.

Сите хумани луѓе кои можат да помогнат, истото можат да го направат преку вртење на телефонскиот број 143 131 преку мрежата на T-Mobile. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука