Минхен, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По дебаклот од пред неколку дена од екипата на Волфсбург, лидерот во германската Бундес лига Баерн Минхен и синоќа направи кикс.
Избраниците на Пеп Гвардиола на „Алијанц Арена“ не успеаа да слават против тимот на Шалке одигрувајќи само 1-1. Баерн поведе со голот на Робен во 67-та минута, но играчот на Шалке Хеведес во 72 минута изедначи поставувајќи го конечниот резултат.
Eдинствената победа на синоќешните натпревари од 19. коло ја оствари Борусија Менхенгладбах која славеше минимално со 1-0 над Фрајбруг.
Волфсбург одигра нерешно 1-1 на гостувањето кај Ајтрахт Франфурт, а четвртиот меч меѓу Хановер и Мајнц истотака заврши 1-1.
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 20