Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде бела прашкаста материја кај двајца охриѓани во угостителски објект

Охрид, 8. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми октомври 2023 година, во 03:00 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишени се од слобода едно 28-годишно и едно 25-годишно лица од Охрид, кај кои полициските службеници при извршен преглед, пронајдоа и одзедоа бела прашкаста материја.

– По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука