Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Лица од Радолишта и Вевчани нелегално превезувале огревно дрво во атарот на струшкото село Вишни

Струга, 13. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти октомври 2023 година, при контроли во атарот на струшкото село Вишни, извршени од полициски службеници од Одделението за сузбивање на економски криминал и корупција при МВР и од ОВР Струга запрено е товарно возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 34-годишно лице од струшкото село Радолишта, во кое сопатник било 56-годишно лице од Вевчани, вработено во Шумското стопанство „Јабланица“ од Струга.

– Притоа, било констатирано дека во возилото нелегално се превезуваат 16 метри кубни огревно дрво, кое заедно со други предмети, по насоки на јавен обвинител, се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука