Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

АДП: Аеродромите во Охрид и Скопје со 30,2% повеќе патници во однос на минатата година

Охрид/Скопје, 17. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Бројот патници на двата меѓународни аеродроми во Република Македонија за периодот јануари-септември оваа година достигна 2,65 милиони, што е за 30,2 насто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопштија денеска од Aeroports de Paris (АДП).

Само минатиот месец бројот патници на ародромите во Скопје и Охрид достигна 308.555, што е за 17,9 проценти повеќе од септември 2022 година, се вели во соопштението на „АДП“.

На двата аеродроми се реализирани 17.683 полетувања и слетувања во периодот јануари-септември, што исто така е зголемување за 19,3 проценти во споредба со првите девет месеци од минатата година.

Само во септември на двата аеродрома имало 2.339 полетувања и слетувања или 16,1 проценти повеќе отколку ланскиот септември.

Компанијата „АДП“ поседува 46 отсто од аеродромите со кои стопанисува турски „ТАВ“ кој управува и со двата аеродроми во земјава. (Крај)

извор: lokalno.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука