октомври 18, 2023

Струга, 18. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

– На 7-ми октомври 2023 година, на улицата „Јабланичка“, по претходна расправија, пријавениот со патничко возило се обидел да удри во 27-годишно лице од Струга, кој управувал мотоцикл, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука