ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Струга ТОП ВЕСТИ

Лебедот со закачена јадица на клунот е ослободен објави Facebook страницата Draganstory

Струга, 19. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Лебедот кој вчера имаше рибарска јадица закачена на клунот е ослободен, пишува на Facebook страницата Draganstory.

Имено, како што веќе пишувавме, во текот на вчерашниот ден беше објавена фотографија на која лебед имаше дел од рибарска тапа во клунот и закачена јадица.

– Многу ми е мило што денеска успеав да направам фотографија од вчерашниот лебед кој имаше рибарска јадица.
Во денешнава фотографија е ослободен. Ако некој му помогнал тоа е навистина за поздравување. Можеби и самиот некако успеал…Веројатно е и другите лебеди да му ја откинале. Како и да е мило ми е што добро се заврши, стои во објавата на Facebook страницата Draganstory.

Лебедите се гнездат во периодот април-мај, а постарите паметат многу поголема бројност на овие прекрасни птици во охридскиот регион. Како главни причини за намалувањето на нивниот број се наведуваат загрозувањето на нивните живеалишта во природата, но и огромното влијание на човекот врз животната средина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Draganstory

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука