Охрид, 19. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Пресушија Билјанините извори, препознатливиот симбол на градот Охрид.
Отсуството на дожд си го направи своето. Идентична состојба во овој период од годината имаше и изминатите години.
Локалитетот „Билјанини извори“ охриѓани често го нарекуваат и душата на градот. Бројни посетители, домашни и странски се определуваат токму за посета на изворите, а локалитетот е една од најголемите препознатливости на древниот град под Самуиловата тврдина.
Периодов наназад со константен пад во водостојот и ниво под просекот се соочува и Охридското Езеро. Според последните мерења на на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) езерото е на кота од 693,26 м.н.в, што е за 5 сантиметри под просекот за октомври (693,31 м.н.в). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес