Скопје/Охрид, 20. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на македонската Влада и согласно донесениот Закон за претварање на побарувањата на Република Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во ЈП „Колекторски систем“, превземениот долг од МЈП „Проаква“ во вредност од 281.314.175,00 денари е трансформиран како сопственички капитал на Владата на Република Македонија во Јавното претпријатие, информираат од ЈП „Колекторски систем“.
– Ова претставува огромно олеснување за билансите на ЈП „Колекторски систем“ и придонесува кон значително подобрување на неговата ликвидност и можност за непречено функционирање, а со тоа и повеќе средства за тековно одржување и инвестирање во застарениот систем. Преку оваа постапка се ослободуваат од обврска Општините Охрид и Струга што понатака ќе доведе до деблокирање на нивните сметки и можност за нивно нормално работење, потенцираат од ЈП „Колекторски систем“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес