Охрид, 22. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Туристички Охрид е солидно исполнет со гости за време на продолжениот викенд во чест на утрешниот празник, 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Денеска, и покрај облачното време со повремени сончеви периоди, имавме релативно висока температура од над 20. степени, идеална за уживање и прошетки.
Исполнети се дел од угостителските објекти, кафе баровите и рестораните, а раздвижено беше и на Градскиот кеј, каде гостите и охриѓани уживаат во прошетка во текот на целиот ден.
Метеоролозите и за утре најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а максималната температура во Охрид се очекува да се искачи до 22. степени. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес