октомври 23, 2023

Охрид, 23. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на Општина Охрид, предводена од секретарот Александар Китески се поклони и положи цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во Градскиот парк, по повод 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.

Цвеќе положија и охридските пратеници во Собранието на Република Македонија, делегација од Сојузот на Борци од Охрид и Дебрца и останати претставници од локалниот политички и општествен живот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука