Избор Општина Дебрца Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

На потегот од плажите „Дебрца“ и „Версус“ полицијата пронајде осум рибарски мрежи со улов од 93 парчиња риба

Струга, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, денеска на потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ кај Струга, на околу 1.000 метри од брегот, пронајдоа осум рибарски мрежи.

– Истите се со должина од по околу 100 метри, со улов од 93 парчиња риба, со вкупна тежина од 11.4 килограми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука