Охрид, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти октомври 2023 година, во периодот од 14:00 до 19:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.
– Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 29 возачи на моторни возила кои, извршиле престигнување на непрегледни и места каде тоа е забрането. Од нив 11 во Охрид, 7 во Струга, 8 во Кичево и 3 во Дебар, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 34