Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Полицијата пронајде кокаин кај стружанец во близина на селото Велешта

Струга, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– При преглед извршен на 19-ти септември 2023 година во близина на струшкото село Велешта, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа кокаин, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука