Белчишта, 25. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти октомври 2023 година, во 15:10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Гумништа“, во атарот на селото Брежани, општина Дебрца, било пронајдено починато 60-годишно лице од Охрид.
– Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 42