Струга, 28. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во НУЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга, вечерва, со почеток во 19:00 часот гостува Народниот Театар од Битола со претставата „Малиџано“, според текст на Билјана Крајчевска, а во режија на Софија Ристевска- Петрушева.
Станува збор за современ текст за обичниот човек со неговите секојдневни проблеми, грижи и доживувања, со неговите традиционални и природни предизвици и дилеми.
Играат актерите Маја Андоновска- Илијевски, Никола Пројчевски, Анастасија Христовска, Соња Ошавкова, Катерина Аневска- Дранговска, Никола Стефанов, Валентин Дамчевски и Живко Борисовски.
Билетите се продаваат по цена од 100 денари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 15