Охрид, 25. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен Дом Охрид е вклучена во спроведување на кампањата за имунизација „од врата до врата“, организирана од Министервото за здравство во соработка со Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје.
Кампањата има за цел да се подигне свеста и разбирањето за важноста на имунизација против сезонски грип, рутинската имунизација и придобивките од примањето на вакцините како и да се зголеми процентот на вакцинирани лица.
– Граѓаните на Општина Дебрца кои се постари од 65 години и хронично болните лица во понеделник, на 30-ти октомври 2023 година ќе можат бесплатно да ја примат вакцината против сезонски грип во просториите на училиштата во Велмеј, Белчишта и Требеништа. Исто така ги известуваме и учениците кои не се редовно вакцинирани според календарот за имунизација, ќе можат да се вакцинираат истиот ден во присуство на нивните родители во просториите на училиштето, задолжително да носат со себе здравствена книшка и картон за имунизација. Имунизација за граѓаните на Велмеј, Лешани и Брежани ќе се одвива во училиштето во Велмеј во 08:00 часот. Имунизација за граѓаните на Белчишта, Средоречје и Злести ќе се одвива во училиштето во Белчишта во 09:30 часот. Имунизација за граѓаните на Мешеишта и Климештани во 11:00 часот во училиштето во Мешеишта. Имунизација за граѓаните на Требеништа, Волино и Горенци ќе се одвива во училиштето во Требеништа во 12:30 часот, информираат од службата за превентива на деца и младинци при ЈЗУ Здравствен Дом Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива